Постоечките печки на огревно дрво кои се користат во Македонија имаат максимален коефициент на полезно дејство од 0,75. Покрај релативно нискиот коефициент на полезно дејство, овие печки создаваат висока концентрација на PM2,5 и PM10 честички. За секој согорен 1м3 огревно дрво се добиваат PM2,5 честици со количина 0,00499 [t/m3] и PM10 честици со количина 0,00512 [t/m3]. Согласно последниот попис од 2021 година, во општината регистрирани се 11439 домаќинства кои за греење користат
огревно дрво. Од нив, 5564 домаќинства се греат со една печка, односно не поседуваат централно греење во домот.
Повеќе од половина од граѓаните на Гостивар (53%) како примарен енергенс за загревање на домот го користат огревното дрво. 57% од испитаниците не сметаат дека со начинот на кој го загреваат својот дом придонесуваат кон загадувањето на воздухот во околината во која живеат. 55% од испитаниците истакнале дека не се заинтересирани да го сменат актуелниот начин на загревање на нивниот дом.
Најприсутни се оние со најниски месечни примања (11000 денари и помалку,11001мкд – 14000мкд) и возрасна група 55+. Сепак останатите групи на месечни примања од 14001 до над 60000мкд се изјасниле дека би промениле начин на греење во скала од 1% до 9%. 65% од интервјуираните жители на Гостивар не се информирани за постоењето на субвенционирана програма за енергетска
ефикасност како помош за домаќинствата од страна на општината. (УНДП, 2023).
Мерката има двојна функција: намалување на внатрешно и надворешно загадување. Сиромашната популација на ниво на индивидуа и домаќинство се јавува и како најголем емитер а воедно и како најзагрозена категорија граѓани од внатрешно и
надворешно загадување. Енергетската сиромаштија директно се таргетира преку оваа мерка како додадена вредност на истата
Чекор 1
Врз основа на релевантни документи се доставува барање од сектор ЛЕР до
Совет на општина за донесување на одлука/решение на општината за висина на
средствата за субвенција за оваа мерка да се внесе во Буџетот за идната година
(Декември). Одредувањето на висината на субвенцијата треба да биде согласно
висината на примања на домаќинството.
Чекор 2
Одлука на Советот на општина за доделување на финансиски средства за
субвенција и внесување во Буџет за идната година. Воведување посебни
параметри за дефинирање категории ранливи домаќинства дефинирани од
општината. (висина на примања на домаќинство)
Чекор 3
Оформување на комисија од членови од секторите во општината. Дефинирање
на параметри за избор на домаќинство (приходи, социјален статус, број на
членови во домаќинство итн.). Зголемување на видливоста на Конкурсот и
обезбедена поддршка за ранливи категории граѓани за упатување за прибирање
соодветна документација за апликација. Информативна кампања (социјални и
други традиционални медиуми) за објавата и условите на Конкурсот.
Информативни кампањи за штетноста на користење на огревно дрво за
загревање и готвење.
Чекор 4
Објавување на конкурс за инвертери и оформување на општинска комисија за
избор.
Чекор 5
Анализа и избор на пријавени домаќинства согласно бараните параметри.
Собирање полово поделени податоци за апликанти и добитници на субвенции.
Чекор 6 Индикатори за мерење: Aнкета пред добивање на субвенција.
▪ број на домаќинства кои добиле субвенција;
▪ % на жени добитници на субвенција
▪ % на лица над 55 години добитници на субвенции
▪ % на социјално ранливи категории
добитници на субвенција