Зазеленување со урбани шуми
0%
октомври 3, 2025
Оцени ја мерката
Тип
Техничка мерка
Сектор
Зеленило
Гасови/Честички кои ќе ги намали оваа мерка
5CONONO2NОxPM10PM2SO2
Одговорна институција за спроведување
Општина Струмица – Одделение за заштита на животната средина

Од осамостојувањето на нашата држава, градежниот бум во почетокот на 21 век, со тоа и „поплочувањето“ и „бетонирањето“, се појави потреба за озеленување на урбаните средини. Загадувањето на воздухот од процесите на урбаното живеење, како сообраќајот, греењето на станбените згради, загадување од градежните активности условува преземање на мерки со повеќе димензионални придобивки. Поради тоа, зазеленување на урбаните и руралните површини е непрекинат и тековен процес во нашата држава во последната деценија.



Прогрес на имплементација

Превземени чекори
Планирани чекори

Чекор 1
Избор на површини за зазеленување (покрај коловози, неискористени голи површини и сл.). Приоритетен статус во изборот да имаат јавни површини покрај градинки, школи, установи од областа на здравството и социјалната заштита, домови за стари, како и места концентрирани со сиромашно население.Воедно, општината во рамките на оваа мерка може да изработи и зелен катастар за подобрување на управувањето со јавното зеленило, како и зајакнување на урбаната отпорност, преку собирање на податоци за тоа со какво зеленило располага Општината и во иднина ќе може полесно да ги планира и одржува зелените површини. Во таа насока треба да се предвидат финансиски средства за изработка на зелен катастар.

Чекор 2 Потпишување на меморадндум за соработка на Општината, јавното претпријатие и стручни и научни инститтуции за соработка во процесот на зголемување на зелените површини.
Чекор 3 Избор на соодветни дрвја за избраните локации.
Чекор 4 Подготовка на теренот за засадување.
Чекор 5
Садење дрва од страна на Општината, институции и граѓани. Предвидено учество: јавни претпријатија, училишта, секции, невладини организации и претставници на индустриските компании.

Цел
100.000 дрвја
Индикатори за следење на имплементацијата

➢ број на засадени дрвја;
➢ број на учесници;

Одговорна институција за следење на имплементација
Општина Струмица – Одделение за заштита на животната средина
Дополнителни придобивки
Период на имплементација
долгорочно
Финансии
Буџет
15.000 ден/дрво 1.500.000.000 денари за остварување на целта