Од осамостојувањето на нашата држава, градежниот бум во почетокот на 21 век, со тоа и „поплочувањето“ и „бетонирањето“, се појави потреба за озеленување на урбаните средини. Загадувањето на воздухот од процесите на урбаното живеење, како сообраќајот, греењето на станбените згради, загадување од градежните активности условува преземање на мерки со повеќедимензионални придобивки. Поради тоа, зазеленување на урбаните и руралните површини е непрекинат и тековен процес во нашата држава во последната деценија.
Чекор 1
Избор на површини за зазеленување (покрај коловози, неискористени голи површини и сл.). Приоритетен статус во изборот да имаат јавни површини покрај градинки, школи, установи од областа на здравството и социјалната заштита, домови за стари, како и места концентрирани со сиромашно население.
Чекор 2 Избор на соодветни дрвја за избраните локации. (помош од експерти од
Чекор 4 Национални шуми, Шумарски факултет и др.)
Чекор 3 Подготовка на теренот за засадување. Садење на дрвјата од страна на општината. Предвидено учество: јавни
претпријатија, училишта, секции, невладини организации и претставници на индустриските компании.
Чекор 5 Индикатори: Анкета и мапирање на зелениот фонд. Број на учесници и број на засадени дрвја.
- број на засадени дрвја;
- број на учесници.